На 04.06.2025 година, ТППЕ Валандово во соработка со доброволното противпожарно друштво од општина Петрич – Р. Бугарија, изведе тактичко показна вежба за справување со шумски пожари и пожари на отворен простор.

Во вежбата учествуваа 8 доброволци од Р. Бугарија и 8 професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица во Валандово. За истата, користени се 4 противпожарни возила.

Активноста е организирана во рамки на заедничкиот проект „e Fidar“ – проект за рана детекција и превенција на шумски пожари.

Линк до фотогалерија