Општина Валандово е имател на информации.
Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите физички и правни лица.
Слободен пристап имаат и странски физички и правни лица во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Имател на информации:

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3
2460 Валандово
Република Северна Македонија
www.valandovo.gov.mk

 

Службени лица за посредување со информации од јавен карактер:

СОЊА ХРИСТОВА-ЈОВАНОВИЌ
administracija@valandovo.gov.mk
shristova@t.mk
034/382-007

ВЛАДИМИР ЛАЗОВ
administracija@valandovo.gov.mk
vlatko.lazov@live.com
034/382-007

 

  • Листа на информации од јавен карактер на Општина Валандово (Преземи PDF)
  • Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер – ЗСПИЈК (Преземи PDF)
  • Упатство за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Преземи PDF)
  • Образец – Барање за информации од јавен карактер (Преземи PDF)
  • Образец – Барање за информации од јавен карактер (Преземи WORD)
  • Анонимизирани барања и одговори за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЛИНК)