
По повеќегодишна пауза, Валандово од јуни 2025 година повторно доби свое кино.
Обновената сала, опремена со најсовремена проекциска и звук-техника, е единствена од ваков вид во регионот и ќе понуди редовен филмски репертоар, како и други културно-уметнички содржини.
Киното е важен простор за поттикнување на културниот живот во малата заедница и претставува додадена вредност кон модерно и урбано живеење.
Со обновената сала, љубителите на филмот од Валандово и поширокиот регион добиваат целосно кино-искуство – големо платно, врвно озвучување и удобни седишта – што треба да го зацврсти градот како ново регионално средиште за култура.
