Фестивалот Пролетни веселби, ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ – Чалакли, Валандово е првиот официјален фестивал на турската заедница во земјава, на кој настапуваат културно-уметнички друштва од Северна Македонија и од други балкански земји.

Овој фестивал има за цел да се зајакнат и развијат постојните културни врски помеѓу турскиот народ и македонскиот народ и останатите етнички заедници во Северна Македонија.

Пролетното прославување ХИДРЕЛЕЗ во декември 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство на човештвото на Конгресот на УНЕСКО во Јужна Кореја.