Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека согласно Планот за спроведување на адултицидна терестријална дезинсекција, во периодот од 11 до 13 Август 2026 година, ќе се спроведе третото прскање против возрасни комарци и ларвицид по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.
Активностите ќе се реализираат според следниот распоред:
11.08.2026 година
- Општина Босилово – почеток во 21:00 часот (возрасни комарци)
- Општина Валандово – почеток во 19:00 часот(возрасни комарци)
12.08.2026 година
- Општина Ново Село – почеток во 21:00 часот( возрасни комарци)
- Општина Струмица (градско подрачје) – почеток во 22:00 часот (возрасни комарци)
- Општина Валандово (ларвицидна дезинсекција) – почеток 09.00 часот
13.08.2026 година
- Општина Струмица (села) – почеток во 21:00 часот (возрасни комарци)
- Општина Василево – почеток во 22:00 часот (возрасни комарци)
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства. Исто така, се препорачува граѓаните за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден поволен ден.
Со спроведувањето на оваа активност се продолжуваат мерките за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје на граѓаните во Југоисточниот плански регион.