ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

СоопштенијаСедници на совет

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Закажана е 12 (дванаесеттата) редовна седница на Советот на Општина Валандово

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Закажана е 12 (дванаесеттата) редовна седница на Советот на Општина Валандово

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дванаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам дванаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 04 ти август 2026 година (вторник) во 14:00 часот, во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на дванаесеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2026 година до 30.06.2026 година;
  2. Предлог – Одлука за сопствено учество во реализација на Проект „Изградба на детска градинка во Општина Валандово“;
  3. Годишен извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2025/2026 година;
  4. Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2026/2027 година;
  5. Годишен извештај за работата на ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово за учебната 2025/2026 година;
  6. Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово за учебната 2026/2027 година;
  7. Предлог – Решение за именување на претставник на Општина Валандово во Училишниот одбор на ООУ „Страшо Пинџур“ с.Јосифово, Валандово;
  8. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  9. Предлог – Решение за именување на член на Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  10. Предлог – Одлука за давање закуп на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово на КП.бр.1353 КО Брајковци;
  11. Предлог – Одлука за продажба на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово на КП.бр.515/4 КО Раброво;
  12. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2026 година;
  13. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлука за определување централни основни училишта на подрачјето на Општина Валандово;
  14. Предлог – Одлука за прифаќање на донација – столчиња за трибини на фудбалските игралишта на територијата на Општина Валандово од Фудбалската Федерација на Македонија;
  15. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на населено место Јосифово, Општина Валандово;
  16. Информацијата за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово во првите шест месеци од 2026 година;

 

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email