Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 28 до 29 мај 2026 година ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.
Активностите ќе се реализираат согласно следниот распоред:
- 28.05.2026 година (четврток)
- Општина Радовиш – со почеток во 09:00 часот, површина од 3 ха
- Општина Конче – со почеток во 12:00 часот, површина од 3,8 ха
- Општина Струмица – со почеток во 10:00 часот, површина од 20 ха
- 29.05.2026 година (петок)
- Општина Валандово – со почеток во 09:00 часот, површина од 8,1 ха
- Општина Василево – со почеток во 12:00 часот, површина од 4,66 ха
- Општина Босилово – со почеток во 09:00 часот, површина од 8,46 ха
- Општина Ново Село – со почеток во 12:00 часот, површина од 5 ха
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин.
Извор: southeast.mk
