Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на десеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам десеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 22 ри мај 2026 година (петок) во 11,00 часот, во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на десеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  2. Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  3. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижен имот сопственост на Општина Валандово на Централен регистар – РК Валандово;
  4. Предлог – Правилник за измена на правилникот за начинот на функционирање, наградите, надоместоците и другите трошоци на „Фолк – Фест” Валандово 2026 година;
  5. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
  6. Предлог – Одлука за субвенционирање на семејства кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово во учебната 2026/2027 година;
  7. Предлог – Одлука зa одобрување финансиска поддршка на КФМ „ПРОЕКТ ” с.Јосифово, Валандово за подготовка на квалификации за Лига на шампиони и реализација на сезонски програмски активности;
  8. Предлог – Одлука за прифаќање на донација – Осветлување и озвучување на предвестивалската вечер од Фолк Фест Валандово 2026 година од Друштво за трговија и услуги РЕНТАЛ МЕДИЈА ГРУП ДООЕЛ Струмица;
  9. Предлог – Одлука за прифаќање на спонзорство – финансиска поддршка за Фолк Фест Валандово 2026 година од Трговско друштво за производство, трговија и услуги КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија;
  10. Предлог – Одлука за прифаќање на спонзорство – финансиска поддршка за Фолк Фест Валандово 2026 година од Акционерско друштво за производство, трговија и угостителство ИМПЕРИЈАЛ – ТОБАКО АД увоз-извоз Валандово;

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Претседател
Марија Чурлинова