Врз основа на Одлуката за формирање НВО Центар во Општина Валандово Бр.08-62/16, од 12.03.2026 год. (Службен гласник на Општина Валандово“ бр.03/26), а согласно Законот за локалната самоуправа, Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и Статутот на Општина Валандово, Општина Валандово објавува

 

Ј А В Е Н  П О В И К
за изразување интерес за користење на НВО Центарот во Општина Валандово

 

  1. Предмет на јавниот повик

Со овој јавен повик се повикуваат заинтересираните здруженија и фондации да поднесат пријава за користење на НВО Центарот во Општина Валандово, како заеднички простор наменет за спроведување активности од јавен интерес.

  1. Право на учество

Право на учество по овој јавен повик имаат здруженија и фондации кои:

  • се регистрирани согласно закон;
  • имаат седиште на територија на Општина Валандово;
  • своите активности ги вршат согласно закон, актите на Општина Валандово и намената на НВО Центарот.
  1. Намена на просторот

НВО Центарот се користи за:

  • состаноци и работни средби;
  • подготовка и спроведување проекти;
  • обуки, работилници и други активности од јавен интерес;
  • унапредување на соработката меѓу граѓанските организации и Општина Валандово.

Просторот се користи согласно неговата намена, без надомест и без вршење комерцијална дејност.

  1. Потребни документи

Заинтересираните организации треба да достават:

  1. пријава за изразување интерес,
  2. краток опис на организацијата,
  3. краток опис на планираните активности во НВО Центарот,
  4. тековна состојба или друг соодветен документ за регистрација,
  5. контакт лице и контакт податоци.
  6. Начин и рок на пријавување

Пријавите со потребната документација се доставуваат:

  1. По пошта на адреса: општина Валандово ул. Иво Лола рибар бр.3 Валандово
  2. Во архивата на општина Валандово
  3. Или по електронски пат на e-mail: administracija@valandovo.gov.mk

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Пријавите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.

  1. Избор и користење

По истекот на рокот, општина Валандово ќе изврши разгледување на доставените пријави и ќе утврди листа на организации кои ги исполнуваат условите за користење на НВО Центарот.

Начинот на користење на просторот, правата и обврските на корисниците, како и другите услови, поблиску ќе се уредат со правилник и договор за користење.

  1. Завршна одредба

Овој јавен повик стапува во сила со денот на неговото објавување.


ДОКУМЕНТИ:
– Јавен повик (Преземи PDF)