ЈАВЕН ПОВИК
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Измена и дополна на Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4, Општина Валандово со технички број 136/2023 од Февруари 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Валандово организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Измена и дополна на Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4, Општина Валандово со технички број 136/2023 од Февруари 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.
.
Опфатот на Измена и дополна на Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4,општина Валандово го опфаќа Блок 4, како што е дефиниран со Урбанистичкиот план за селоЈосифово, општина Валандово со плански период од 2014 – 2024 година.
Започнува од најсеверната точка 1 и се движи кон југозапад по границата на опфатот на УПС за село Јосифово се до точка 2, потоа продолжува да се движи кон југоисток по осовината на сервисната улица “7” дефинирана со постојниот УПС за село Јосифово, општина Валандово со плански период 2014-2024 год. се до точка 21, а од таму продолжува да се движи по границите на опфатот на УПС за село Јосифово до точка 22 на североисток, а потоа кон северозапад се до спојувањето со точка 1 од каде што и започнува.
Според опишаните граници за Измена и дополна на Урбанистички план за село Јосифово Блок 4, општина Валандово вкупната површина на планскиот опфат изнесува 3.3655 ха или 33655.47 m2.
Јавна анкета
Јавната анкета за Нацрт Измена и дополна на Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4, Општина Валандово со технички број 136/2023 од Февруари 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Валандово како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на веб страната на Општина Валандово.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 27.04.2026 година до 27.05.2026 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (Вторник) во 11:00 часот во просториите на општина Валандово.
ДОКУМЕНТИ:
- Одлука за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Решение за комисија за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Јавен повик за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Одлука за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Анкетен лист за ЈА и ЈП (Преземи WORD)
