ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 24 став 1 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 5 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на третата вонредна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам третата вонредна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 31 март 2026 година (вторник) во 10,00 часот, во просториите на ЕЛС на Општина Валандово.
За работа на третата вонредна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за доделување на еднократен финансиски надоместок за новородено дете со фактичко и континуирано живеалиште на подрачјето на Општина Валандово;
- Правилник за утврдување на плати, додаток на плати и надоместок на професионалните пожарникари вработени во ТППЕ Валандово;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Валандово за 2026 година;
- Предлог – Одлука Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово;
- Предлог – Одлука Нацрт Измена и дополнување на Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4,Општина Валандово;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова
