Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25“), Градоначалникот на Општина Валандово го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТАВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА ЈАВНОСТА
НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
– Се става на увид на јавноста на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на систем за наводнување – Страиште, со намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдувањето во Општина Валандово, со технички број ПД_010_04/25 од Март 2026 година, изработен од Друштво за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнел и др. ДОО Скопје.
– Со овој урбанистички проект се опфаќа простор со површина од (357 259 м2.)
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на систем за наводнување – Страиште, со намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдувањето во Општина Валандово, со технички број ПД_010_04/25 од Март 2026 година, изработен од Друштво за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнел и др. ДОО Скопје, ќе биде објавен на ВЕБ страната на општина Валандово.
– Јавниот увид ќе трае (15 дена) од 19.03.2026 година до 03.04.2026 година.
– Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетен лист, во просториите на Општина Валандово во одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина и ЛЕР.
ДОКУМЕНТИ:
