ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на осмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 12 ти март 2026 година (четврток) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на осмата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Годишна сметка на Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
  2. Годишен Извештај на Општина Валандово за 2025 година;
  3. Завршни сметки на СОУ„Гоце Делчев” Валандово за 2025 година;
  4. Завршни сметки на ООУ„Јосип Броз Тито” Валандово за 2025 година;
  5. Завршни сметки на ООУ„Страшо Пинџур”  Јосифово за 2025 година;
  6. Завршни сметки на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2025 година;
  7. Завршни сметки на ЈОУ Дом на култура „25 Мај” за 2025 година;
  8. Предлог – Одлука за прифаќање на донација – Изведба на градежни работи – реконструкција на дел од тротоарска површина на ул.Никола Карев во Валандово од Друштво за трговија и услуги СЛОТ РЕНТ АС ДОО Валандово.

 

 

Претседател
на Совет на Општина Валандово
Марија Чурлинова