Повик за поднесување на понуди (ППП)
Градежни работи
Држава: Република Северна Македонија
Назив на проект: Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор
Назив на договор: “Реконструкција на Општинска зграда и ЈОУ Дом на култура 25-ти Мај во Општина Валандово со спроведување на мерки за енергетска ефикасност“
Заем бр.: 9038-МК
Идентификациски бр. на ППП: MK-MOF-CW-NCB-001-26
- Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за “Реконструкција на Општинска зграда и ЈОУ Дом на култура 25-ти Мај во Општина Валандово со спроведување на мерки за енергетска ефикасност“.
- Општина Валандово ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат “Реконструкција на Општинска зграда и ЈОУ Дом на култура 25-ти Мај во Општина Валандово со спроведување на мерки за енергетска ефикасност“.
- Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е наведено во Правилникот за набавки на Светска банка за заемопримачи за финансирање инвестициски проекти, Набавки за финансирање инвестициски проекти, стоки, работи, неконсултантски и консултантски услуги од јули 2016 година, ревидиран во ноември 2017, јули 2018 година, ноември 2020, септември 2023 година и февруари 2025 година (Правилник за набавки) и е достапен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Правилникот за набавки.
- Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Анита Трајкова, контакт телефон 078/356-231, е-маил: a.trajkovaa@yahoo.com и да извршат увид во тендерската документација на адреса: ул. Иво Лола Рибар бр.3, во период од 09:00 до 16:00 часот, но не подоцна од 16:00 часот.
- Заинтересираните квалификувани понудувачи може да ја добијат тендерската документација на македонски јазик од веб-страната на националниот електронски систем за јавни набавки: „ЕСЈН-Заеми/Донации/Грантови – Огласи од меѓународни институции“ (https://www.e-nabavki. gov.mk/), од веб-страната на Општина Валандово: www.valandovo.gov.mk , како и со поднесување на барање на електронската адреса наведена погоре во точка бр.4.
- Сите заинтересирани квалификувани понудувачи треба да се пријават преку електронска пошта (e-mail) со детали за контакт на нивната компанија, вклучувајќи и електронска пошта (e-mail) веднаш по преземањето на тендерската документација од горенаведените веб-страни со цел да се изјаснат дека имаат намера да учествуваат во тендерската постапка и да го добијат Анекс 1 од тендерската документација кој содржи: предмер-пресметка, основен проект, вклучувајќи технички опис и цртежи за објектот и Услови за животна средина и социјални аспекти. Поради големината на Анекс 1, тој ќе биде доставен до понудувачите кои доставиле барање/ пријава на УСБ меморија или ќе ви бидат испратени по електронски пат преку WeTransfer (целокупната документација испратена преку WeTransfer мора да се преземе најдоцна во рок од три дена, од денот на прием на мејлот).
Посетата на локацијата од страна на Работодавачот ќе биде организирана на 02.03.2026 година, 12:00 часот по локално време, Општина Валандово.
Сите трошоци за посета на локацијата ќе ги сносат понудувачот/понудувачите.
- Понудите треба да се достават на адреса ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, Општина Валандово, на или до 24.03.2026 година, во 12:00 часот по локално време. Електронско наддавање не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: ул. Иво Лола Рибар бр.3, на 24.03.2026 година, во 12:15часот.
- Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 600.000,00 денари.
- Посебно внимание треба да се обрати на Правилникот за набавки со кој се бара од Заемопримачот да наведе информации за вистинската сопственост на успешниот Понудувач како дел од Известувањето за доделување на договорот, при тоа користејќи го Образецот за вистински сопственици кој е даден во тендерската документација.
- Адресата на која се упатува погоре е:
Адреса: Општина Валандово
Ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3
Поштенски број: 2460
Назив на договор: “Реконструкција на Општинска зграда и ЈОУ Дом на култура 25-ти Мај во Општина Валандово со спроведување на мерки за енергетска ефикасност“ Идентификациски број на ППП: MK-MOF-CW-NCB-001-26
ДОКУМЕНТИ:
– Повик (Преземи PDF)
– Стандардна техничка документација (Преземи PDF)
