ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам седмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 ми февруари 2026 година(петок) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на седмата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства, опрема и ситен инвентар сопственост на Општина Валандово;
- Завршна сметка на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2025 година;
- Финансиски извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2025 година;
- Извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2025 година;
- Давање согласност на Одлуката за усвојување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2025-2027 година;
- Давање согласност на Одлуката за усвојување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2025-2027 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Валандово во 2026 година;
- Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Валандово за период 2026-2028 година;
- Предлог – Одлука зa воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион;
- Предлог – Решение за разрешување и назначување на вршител на должност – член на Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
- Предлог – Одлука зa одобрување финансиска поддршка – месечна стипендија на Андреј Мишков од с.Удово, Општина Валандово за постигнати резултати во спортот;
- Предлог – Одлука зa одобрување на финансиски средства на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за подобрување на условите за престој;
- Одлука на Управен одбор на Домот на културата „25 -ти Мај” Валандово за давање на согласност на времено користење на просторија на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Марија Чурлинова
