Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ” бр.202/2024), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на шестата редовна седница на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам шестата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 28 ми јануари 2026 година (среда) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на шестата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;
- Предлог – Одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште на подрачјето на Општина Валандово за 2026 година;
- Предлог – Одлука за определување на просечната цена за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште, шуми и пасишта на подрачјето на Општина Валандово за 2026 година;
- Предлог – Одлука за донесување на план за парцелација за нова поделба на градежните парцели: ГП 1.4.40, ГП 1.4.41, ГП 1.4.43, ГП 1.4.44, ГП1.4.46 и ГП 1.4.47;
- Извештај за реализираната годишна програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2025 година;
- Предлог – Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2026 година;
- Извештај за работата на Територијалната противпожарна единица Валандово во 2025 година;
- Извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2025 година;
- Извештај за реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2025година;
- Извештај за реализацијата на Програмата за одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2025година;
- Информација за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово за второто полугодие од 2025 година;
- Предлог – Одлука зa одобрување финансиска помош на Васко Ризов од Пирава, Општина Валандово за покривање на трошоци за лекување;
- Предлог – Одлука за одобрување средства за финансиска поддршка на Планинарско-алпинистички клуб „ЈУГ ВАЛАНДОВО“ Валандово за организирање на традиционален планинарски марш „По падините на Плавуш“;
- Предлог – Одлука зa одобрување на финансиски средства на Училишен спортски клуб Валандово за реализација на програмски активности;
- Предлог – Одлука зa одобрување финансиска поддршка на Здружението за спорт фудбалски клуб „ПОБЕДА КИДС” Валандово;
- Предлог – Одлука зa одобрување на финансиски средства на Фудбалскиот клуб „Ударник” Пирава за реализација на активности, подмирување на тековни трошоци како и награда за постигнати резултати во престојната есенска полусезона;
- Предлог – Одлука зa одобрување на финансиски средства на Фудбалскиот клуб „Победа” Валандово а реализација на активности, подмирување на тековни трошоци како и награда за постигнати резултати во престојната есенска полусезона;
- Предлог – Одлука за зa одобрување финансиска поддршка – месечна стипендија на Драган Петков од с.Брајковци, Општина Валандово за постигнати резултати во спортот;
- Предлог – Правилник за начинот на функционирање, наградите, надоместоците и другите трошоци на “Фолк Фест” Валандово 2026 година.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Марија Чурлинова
