Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/2024), член 24 став 1 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 5 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на втората вонредна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам втората вонредна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 4 ти декември 2025 година (четврток) во 09:30 часот, во просториите на ЕЛС Валандово.
За работа на втората вонредна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Одлука за измена на одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
2. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на техничка документација и ревидентски извештај за основен проект „Реконструкција на улици во с.Брајковци улица – 1, улица – 2, улица – 3 КО Брајковци, Општина Валандово” од Друштво за градежништво, трговија, услуги и производство ЏОВИ КОМПАНИ увоз-извоз ДООЕЛ с.Мокрино, Ново Село;
3. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на техничка документација и ревидентски извештај за основен проект „Реконструкција на улици во с.Марвинци улица – 1, улица – 4, улица – 5 КО Марвинци Општина Валандово” од Друштво за градежништво, трговија, услуги и производство ЏОВИ КОМПАНИ увоз-извоз ДООЕЛ с.Мокрино, Ново Село;
4. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на техничка документација и ревидентски извештај за основен проект „Реконструкција на улици во с.Марвинци улица – 3, улица – 2А, улица -2В КО Марвинци Општина Валандово” од Друштво за градежништво, трговија, услуги и производство ЏОВИ КОМПАНИ увоз-извоз ДООЕЛ с.Мокрино, Ново Село,
5. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на основен проект и ревизија на основен проект „Реконструкција на постојни улици во село Раброво, Општина Валандово” од Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица;
6. Предлог – Одлука за прифаќање на донација на основен проект и ревизија на основен проект „Реконструкција на улици во село Собри, Општина Валандово” од Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн Атриум Студио.
Совет на Општина Валандово
Претседател
Марија Чурлинова
