ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на четвртатаредовна седница
на Советот на Општина Валандово

Ја свикувам четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 01 ви  декември 2025 година (понеделник) во 12:00 часот, во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четвртата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
  2. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на Општинска Комисија за процена на штети од елементарни непогоди и за избирање на претседател и членови на Комисијата;
  3. Предлог – Решение за назначување на вршители на должност – членови на Управниот одбор на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  4. Предлог – Решение за назначување на вршители на должност – членови на Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова