Градоначалникот на Општина Валандово врз основа на член 50 став 1 точка 7 и точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ 202/2024), член 36 став 1 алинеја 3 и алинеја 9 од Статутот на Општина Валандово објавува:

 

П О В И К
до граѓански организации за доставување на
годишни програми за 2026 година

 

Градоначалникот на Општина Валандово, како предлагач на Буџетот, ги повикува здруженијата на граѓани и невладините организации од Општина Валандово да ги достават своите годишни програми на активности за 2026 година со оперативни планови во кои се предвидува финансиска поддршка од општината.

Годишните програми на активности да се достават најдоцна до 21.11.2025 година, како би можела финансиската поддршка која се бара да биде разгледана и вградена во Предлог-Буџетот на Општина Валандово за 2026 година.

Со програмата за 2026 година, да се достави и наративен и финансиски извештај од страна на потрошените средства што општината ги има трансферирано за 2025 година на корисниците на финансиската поддршка за 2025 година.

Програмите заедно со наративниот и финансиски извештај да се достават:

  • По пошта на адреса: Општина Валандово, ул.Иво Лола Рибар бр.3.
  • Во архива на Општина Валандово.
  • На e-mail : finansii@valandovo.gov.mk

 

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Градоначалник
Ѓоко Камчев 


ДОКУМЕНТИ:

– Јавен повик (Преземи PDF)