ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на третата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам третата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 13 ти ноември 2025 година (четврток) во 12:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на третата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2025 година до 30.09.2025 година;
- Предлог – План на програмите за развој;
- Предлог – Програма за oдржување на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2025/2026 година во зимски услови;
- Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижен имот сопственост на Општина Валандово на Управа за водење на матични книги, Подрачна канцеларија Валандово
- Предлог – Елаборат за проценета штета од елементарна непогода: настаната како последица на силно невреме проследено од дожд и град, грмежи и силен ветер која го зафати подрачјето на Општина Валандово на 15.07.2025;
- Предлог – Елаборат за измена на елаборат за проценета штета од елементарна непогода: силно невреме проследено со пороен дожд, врнежи од град, грмежи и силен ветер која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово на ден 02.07.2024 година;
- Предлог – Елаборат за измена на елаборат за проценета штета од елементарна непогода: настаната како последица на ниските температури и појава на слана која го зафати подрачјето на Општина Валандово на 20.03.2025 и 21.03.2025 година;
- Предлог-Одлука за формирање на Комисија за координација и соработка со невладини организации, асоцијации и здруженија на граѓани и за избирање на претседател и членови на Комисијата;
- Предлог – Решение за именување на претставници на Општина Валандово за членови на Училишен одбор на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово;
- Предлог – Решение за именување на претседател и членови на Управниот одбор на Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово;
- Предлог – Решение за именување на претставници на Општина Валандово за членови на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца- Детска градинка „Калинка“ Валандово
- Предлог – Одлука за формирање на Орган за надзор за вршење на внатрешна контрола на работењето на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова
