ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на единаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам единаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 ти јуни 2026 година (понеделник) во 12:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на единаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2027 година;
- Предлог – План за измена и дополнување на планот на програмите за развој на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука зa одобрување финансиска помош за лекување на Мираџ Мемедов од с.Дедели, Општина Валандово;
- Предлог – Одлука зa одобрување на финансиски средства на ЈП „Комунален сервис” Валандово за набавка на контејнери за собирање на смет;
- Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за 2027 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлука за утврдување на висината на комуналните такси;
- Предлог – Одлука за определување на висината на износот на бесплатниот превоз на ученици од ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово и ООУ„Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово на релации за кои нема обезбедено линиски превоз за учебната 2026/2027 година;
- Предлог – Одлука за разрешување на Училишен одбор во ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово;
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
- Предлог – Одлука за формирање на Комисија за селекција на членови во Надзорниот одбор за вршење контрола на материјално-финансиското работење и Управен одбор на ЈП „Комунален сервис“ Валандово.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова