Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на триесет и осмата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам триесeт и осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 27 август 2020 година (четврток) во 16,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.

За работа на триесет и осмата редовна седница го предлагам следниот:

 .

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Годишен Извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово во учебната 2019/2020 година;

2. Кумулативен полугодишен финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис“   Валандово за.2020 година.

3. Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за  учебната 2020/2021 година;

4. Годишна Програма за работа на ООУ  „Страшо Пинџур“ Јосифово за  учебната 2020/2021 година;

5. Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за 2021 година;

6. Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за 2021 година;

7. Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово за 2021 година;

8.Годишен План за вработување на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за 2021 година;

9. Годишен план за вработување за 2021 година во ЈП „Комунален сервис“ Валандово;

10. Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2021 година;

11. Предлог – Одлука за неодржување на „Фолк-Фест Валандово 2020”;

           

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Претседател

Владимир Марков          

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР