ГРАДОНАЧАЛНИК

Person

Перо Костадинов

Г-дин Перо Костадинов е роден 1987 година во Валандово. Основно обрзование завршил во ООУ„Страшо Пинџур“ во Јосифово, средно образование во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово, а завршил економски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. По дипломирањето, работи во АД ИГМ Еленица Струмица и Еко оранжерии Валандово како менаџер за продажба. Во период од 2015 до 2017 е советник во Советот на Општина Валандово. На локалните избори во 2017 година е избран за Градоначалник на општина Валандово. На локалните избори 2021 година е реизбран за Градоначалник со нов мандат од четири години и избран е за потпретседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС.


Податоци за контакт:

Градоначалник на општина Валандово
ул. Иво Лола Рибар бр.3
2460 Валандово
Република Северна Македонија

e-mail: gradonacalnik@valandovo.gov.mk
тел: 034/382-044
факс: 034/382-044

Линк до Facebook страна: https://www.facebook.com/perokostadinov17
Линк до Instagram профил: @kostadinovpero / https://www.instagram.com/kostadinovpero/


АНКЕТЕН ЛИСТ на градоначалникот на општина Валандово (линк до ДКСК)


ЛИСТА на претходни градоначалници и претседатели на Општина Валандово


Етички кодекс на локалните функционери (pdf)


НАДЛЕЖНОСТИ:

2. Градоначалник на општината

Член 35

Градоначалникот ја претставува и застапува општината
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Член 36

Градоначалникот во рамки на своите надлежности:

- иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
- го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органнот на државната управа;
- го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на општината;
- го извршува Буџетот на општината;
- решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- раководи со општинската администрација;
- донесува правилник за систематизацијата на работните места во општинската администрација;
- одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.
- Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на Советот.

Член 37

Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во Службен Гласник на општината.
Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот

Член 38

Градоначалникот е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на прописите на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека не е во согласност со Уставот и законите.
Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот.
Советот е должен, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
Ако Советот го потврди прописот или не расправа во рокот од ставот 3 од овој член, градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот Суд на Република Македонија.
За иницијативата градоначалникот е должен да го информира Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

Член 39

Градоначалникот најмалку два пати годишно го информира Советот за извршување на одлуките донесени од страна на Советот.
За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку еднаш во годината.

Член 40

Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.
Во управувањето со сопственоста на општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон.

Член 41

За време на спреченост или отсуство до шест месеци, градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува градоначалникот.
За денот на настанување на спреченоста или отсуството градоначалникот го информира претседателот на Советот и со решение го определува членот на Советот кој ќе го заменува.
За време на заменување на градоначалникот, на членот на Советот на општината му мирува функцијата член на Советот.
Претседателот на Советот не може да го заменува градоначалникот.

(извадок од Статут на Општина Валандово)

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches