Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на триесет и седмата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

Ја свикувам триесeт и седмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 14 Август 2020 година (Петок) во 13,00 часот, во  Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.

За работа на триесет и седмата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2020 до 30.06.2020 година;

2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;

3. Предлог – Одлука зa сопствено учество на Општина Валандово во реализација на Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО);

4. Предлог – Одлука зa одобрување средства на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за санирање на оштетувања на кровот на Фестивалската сала „Јанко Узунов“;

5. Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за 2019 година;

6. Предлог – Одлука за прифаќање иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка за решaвање на проблемот со бездомните животни;

7. Предлог – Решение за именуање на двајца членови во заедничката комисија за подготовка на предлогот на актот за воспоставување на меѓуопштинската соработка и предлозите на актите со кои се основаат или формираат облици преку кои ќе се остварува меѓуопштинската соработка за решaвање на проблемот со бездомните животни;

8. Информацијата за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово за првото полугодие од 2020 година;

9. Елаборат за проценета штета од елементарна непогода град што зафати  дел од подрачјето на Општина Валандово ден 05 јули 2020 година;

10. Заклучок за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово зa давање на користење канцеларија на Младински сојуз; 

11. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар на Ловно Друштво ОРЕЛ Валандово.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Претседател

Владимир Марков

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com