Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на триесет и петтата редовна седница
на Советот на Општина Валандово

Ја свикувам триесeт и петтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 Мај 2020 година (Среда) во 12,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на триесет и петтата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д:

1. Предлог – Програма за изменување ид дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2020 година;

2. Информација за состојбата со дивите депонии во Општина Валандово;

3. Предлог – Одлука за отстапување на правото на управување со гробиштата во населеното место Пирава на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;

4. Предлог – Одлука за продажба на движна ствар сопственост на Општина Валандово;

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Претседател
Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР