ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

Соопштенија

Објава на барањето на Б Интегрирана еколошка дозвола на ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица

Објава на барањето на Б Интегрирана еколошка дозвола на ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица

Врз основа на член 99 и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22 Градоначалникот на Општина Валандово врши:

ОБЈАВУВA

На барањето на Б Интегрирана еколошка дозвола на Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт СТРУМИЦА.

Врз основа на член 124 од Законот за заштита на животната средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и (“Сл. Весник на РСМ” бр. 89/22 и 171/22), Операторот на инсталацијата Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт СТРУМИЦА Каменолом со сепарација, локалитет Татарли Чука, поднесе барање за Б Интегрирана еколошка дозвола за индустрија на минерали, инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за животна средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и  “Сл. Весник на РСМ” бр.89/22 и 171/22), Градоначалникот на општина Валандово ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во:

  • Просториите на општина Валандово во Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој.
  • На web страната на општина Валандово www.valandovo.gov.mk.

 

Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави усно до Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој и писмено обраќање до општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр. 3,  2460 Валандово.

Информации за инсталацијата можат да се добијат во Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт СТРУМИЦА кај лицето Јордан Петрески, на адреса на поднесителот ул: Кирил Тренчев бр.10, Сктумица и на адреса на инсталацијата м.в Татарли Чука, Општина Валандово.

Категорија на индустриски активности кои се предмет на барањето: 3. Индустрија на минерали; 3.2 Инсталацијата за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини со капацитет од  150.000 t/годишно.

Време за увид на планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 25.11.2026 до 25.12.2026 година (30 дена).


ДОКУМЕНТИ:

– Објава (Преземи PDF)
– Барање на Б интегрирана еколошка дозвола (ЛИНК)

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email