Градоначалник
Градоначалник
Ѓоко Камчев
Ѓоко Камчев е роден 04.10.1975 година во Валандово. Основно училиште завршува во ООУ „Ј.Б.Тито“ во Валандово, средно училиште завршува во природно математичката школа при СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, а во 1999 година дипломира на Правниот факултет Јустиниан I – смер политички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 2005 до 2009 година е член на Советот на Општина Валандово, од 2007 до 2010 година е ВД Директор на ЈП Комунален сервис Валандово, 2009-2013 година е Претседател на Советот на општина Валандово. Во периодот од 2014-2016 и 2019-2020 година е Пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2022 до 2025 година е Директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Во 2025 година на локланите избори е избран за градоначалник на Општина Валандово.
Контакт информации
Градоначалник на Општина Валандово
Ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3
2460 Валандово
Република Северна Македонија
e-mail: gradonacalnik@valandovo.gov.mk
Тел: 034 / 382-044
Факс: 034 / 382-044