ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

ЈАВЕН ПОВИК

Општина Валандово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на силно невреме проследено врнежи од дожд и град, грмежи и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Општина Валандово на ден 15.07.2025 година (вторник), да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Валандово на ул. Иво Лола Рибар бр.3, најдоцна до 25.07.2025 година.

Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.

Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:

 

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 7 (седум) работни дена, односно најдоцна до 25.07.2025 година.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Валандово и до Влада на Република Северна Македонија.

 

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди