Култура
Култура
ФОЛК ФЕСТ Валандово

Натпреварувачко издание на Фолк Фест Валандово
Валандово е познат по својот музички фестивал „Фолк Фест Валандово“.
Фестивалот се одржува во месец Мај, секоја година. Фестивалот се одржува во континуитет во богатата и долга музичка традиција во регионот. Започнал да се одржува од 1985 година и веќе многу години опстојува како нова традиција во државата. Од Фолк Фест Валандово се се излезени голем број на хитови и многу познати пејачи, имиња од македонската естрада.
Во 1989 година, е изградена сала која брои 1.200 седишта, и во која веќе повеќе 30 години, успешно се одржува манифестацијата.
Секоја година се врши пренос на Македонската Телевизија и фестивалот е гледат не само од домашната публика, туку и во дијаспората.
ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ Чалакли

Фестивалот Пролетни веселби, ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ – Чалакли, Валандово е првиот официјален фестивал на турската заедница во земјава, на кој настапуваат културно-уметнички друштва од Северна Македонија и од други балкански земји.
Овој фестивал има за цел да се зајакнат и развијат постојните културни врски помеѓу турскиот народ и македонскиот народ и останатите етнички заедници во Северна Македонија.
Пролетното прославување ХИДРЕЛЕЗ во декември 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство на човештвото на Конгресот на УНЕСКО во Јужна Кореја.