ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

Соопштенија

Соопштение за ставање на јавен увид на јавноста на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Соопштение за ставање на јавен увид на јавноста на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25“), Градоначалникот на Општина Валандово го дава следното:
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТАВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА ЈАВНОСТА
НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
 
– Се става на увид на јавноста на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на систем за наводнување – Страиште, со намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдувањето во Општина Валандово, со технички број ПД_010_04/25 од Март 2026 година, изработен од Друштво за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнел и др. ДОО Скопје.
– Со овој урбанистички проект се опфаќа простор со површина од (357 259 м2.)
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на систем за наводнување – Страиште, со намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдувањето во Општина Валандово, со технички број ПД_010_04/25 од Март 2026 година, изработен од Друштво за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнел и др. ДОО Скопје, ќе биде објавен на ВЕБ страната на општина Валандово.
– Јавниот увид ќе трае (15 дена) од 19.03.2026 година до 03.04.2026 година.
– Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетен лист, во просториите на Општина Валандово во одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина и ЛЕР.

ДОКУМЕНТИ:
– Соопштение (Преземи PDF)
– Урбанистички проект (Преземи PDF)
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email