На ден 10.04.2019 година (Среда) со почеток во 12:00 ч., во просториите на Домот на култура "25 Мај" во Валандово, се одржа јавна презентација на Предлог урбанистичкиот план за градот Валандово.
По завршување на јавната презентација, започнува процесот на јавна анкета, кој ќе трае до 10.05.2019 г. (Петок), во кој рок сите граѓани и правни лица од градот Валандово, во просториите на Општина Валандово ќе можат, на анкетен лист да достават писмени забелешки, предлози и мислења, за претходно презентираниот Предлог урбанистички план.
?