Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов одржа работен состанок со Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Јани Макрадули.
На состанокот, се разговараше за решавањето на проблемите со дивите депонии, реализирањето на проектот за изградба на системи за превенција и рано детектирање од поплави, имплементирањето на проектот за поставување на метео станици, за рано детектирање на заболувањето кај лозовите и овошните насади, за инвестирањето на општината во енергетски ефикасни светилки, како и за организирањето на еко акции со цел подигање на јавната свест за здрава и чиста животна околина.



?