Градежни активности на улици во Валандово
Нова водоводна мрежа и реконструирани улици, за околу 400 граѓани од Валандово.
Започнаа градежните активности за реконструкција на улиците "Борис Кидрич", "Едвард Кардељ", "Васил Главинов" и "Вељко Влаховиќ" во Валандово.
Реконструкцијата на овие улици, опфаќа замена на старата водоводна мрежа со нова, замена на уличниот асфалт и бетонирање на оштетените делови од тротоарските површини.