Општина Валандово, доби грант во висина од 800.000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, за изработка на проект за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води. Грантот, е доделен по претходно распишаниот конкурс на Министерството за животна средина, преку програмата за животна средина за 2019 година, на кој Општина Валандово конкурираше.
Целта на реализацијата на овој проект е превземање на чекори кон изградба на прочистителна станица и решавање на еден од најсериозните проблеми од сферата на животната средина, за граѓаните на Општина Валандово.
?