На 21-ви Мај 2019 година (Вторник) со почеток во 12.00 часот во просторот на ЕЛС на општина Валандово, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се објават деталите за годинешното издание на “Фолк Фест Валандово“ кое ќе се одржи на 30-ти и 31-ви Мај 2019 година.
На прес конференцијата ќе се обратат Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, членовите на Програмскиот Совет на Фолк Фест Валандово, Живоин Глишиќ, Методија Автовски и Ѓоко Павлов како и водителите Ѓорги Калајџиев и Ирена Спировска.
По завршувањето на прес конференцијата ќе се изврши ждрепка за избор на редослед на учесниците во втората натпреварувачка вечер која ќе се одржи на 31 Мај.
?