Започнува постапка за изградба на експресен пат Струмица - Валандово - спој со автопат Пријателство, во должина од 25 километри.
Јавното претпријатие за државни патишта во Домот на култура "25 Мај" - Валандово, одржа презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проектот за нов експресен пат во југоистокот.
На презентацијата и јавната расправа, присуствуваа институции, заинтересирани поединци и претставници на стопански субјекти и беа отворени прашањата за потребата од заштита на животната средина при реализација на проектот, како и значењето на истиот за граѓаните и локалниот бизнис.
Реализацијата на овој проект е од круцијално значење за општина Валандово, и истиот значително ќе ја подобри компаративната предност на валандовското стопанство и олесни протокот на валандовскиот производ до два гранични премини.


