Во согласност со новите мерки за ограничување на движењето, Општинскиот кризен штаб ќе определи економски оператори (маркети) преку кои граѓаните ќе можат да се обезбедуваат со најнеопходните намирници за време на викенд.
Операторите, кои ќе ја користат оваа можност потребно е да поднесат барање до Општина Валандово.
За дополнителни информации, економските оператори можат да се обратат и на телефонскиот број: 071/610-561.