СВИКАНА 39-та СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и деветтата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесeт и деветта редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 23 септември 2020 година (среда) во 10,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на триесет и деветта редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Годишен Извештај за работата на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2019/2020 година;
2. Годишна Програма за работа на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2020/2021 година;
3. Годишен Извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за учебната 2019/2020 година;
4. Годишен Извештај за работата на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово во учебната 2019/2020 година;
5. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Калинка“ - Валандово за 2020-2021 година;
6. Годишен план за вработување ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово во 2021 година;
7. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;
8. Предлог Одлука зa домашно долгорочно задолжување на Општина Валандово во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП 03/2020;
9. Предлог Програма за изменување и дополнување Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово во 2020 година;
10. Елаборат за проценета штета од елементарна непогода луња и град што зафати дел од подрачјето на Општина Валандово на ден 25 јули 2020 година;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков