Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и осмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесeт и осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 август 2020 година (четврток) во 16,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на триесет и осмата редовна седница го предлагам следниот:
.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Годишен Извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово во учебната 2019/2020 година;
2. Кумулативен полугодишен финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за.2020 година.
3. Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за учебната 2020/2021 година;
4. Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово за учебната 2020/2021 година;
5. Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за 2021 година;
6. Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за 2021 година;
7. Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово за 2021 година;
8.Годишен План за вработување на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за 2021 година;
9. Годишен план за вработување за 2021 година во ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
10. Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2021 година;
11. Предлог – Одлука за неодржување на „Фолк-Фест Валандово 2020”;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков