Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и шестата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесeт и шестата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 22 Јуни 2020 година (Понеделник) во 13,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на триесет и шестата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;
2. Информација за остварување на правото на социјална помош на граѓаните на Општина Валандово;
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Годишната Програма за изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2020 година;
4. Предлог – Одлука за поставување на урбана опрема во градот Валандово за 2020 година;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков