Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и четвртата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Се свикува триесeт и четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 Април 2020 година (Среда) во 12,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на триесет и четвртата редовна седница се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Валандово за 2019 година;
2. Предлог - Годишна Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2020 година;
3. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавното осветлување во Општина Валандово за 2019 година;
4. Предлог - Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2020 година;
5. Предлог – Програма за изменување ид дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2020 година;
6. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
7. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење на простор пред деловните простории за вршење на угостителска дејност на подрачјето на Општина Валандово за време на вонредна состојба;
8. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на месечен надоместок за користење на недвижна ствар „Полигон за обука на возачи“ на КП 562, 891 и 892 КО Раброво,Општина Валандово за време на вонредна состојба;
9. Предлог-Одлука за одобрување исплата на средства за пријавена а неисплатена штета од временски неприлики-град;
10. Предлог-Одлука зa одобрување парична помош на Трговско друштво за радиодифузија ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица за санирање на штети од пожар;
11. Одлука за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во населените места Брајковци, Балинци и Марвинци;
12. Одлука за донесување на ценовник на услуги поврзани со приклучок во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во населените места Брајковци, Балинци и Марвинци;
13. Предлог-Одлука за изработка на идејно решение за реконструкција и автентична реставрација на централното градско подрачје, старата Валандовска чаршија и зградите за колективно домување во Валандово;
14. Предлог-Одлука за поведување на постапка за давање во закуп на недвижна ствар шанк со летна тераса и подрумски простор во населеното место Удово на КП 3695 КО Градец со спроведување на постапка за јавно надавање;
15. Предлог Одлука за одложување на „Фолк – Фест Валандово 2020“.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков