ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ” бр.202/2024), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и првата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 23 ти декември 2024 година (понеделник) во 10:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четириесет и првата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог - Буџет на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Одлука за извршување на Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Буџетски календар за 2025 година;
- Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2025 година;
- Финансиски план на ЈОУДГ ,,Калинка” Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за локален економски развој на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог- Програма за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните водоводи и фекални канализации во Општина Валандово во 2025 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2025 година;
- Предлог - Програма за одржување на јавната чистота во Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на подрачјето на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за активности на Општина Валандово во областа на културата во 2025 година;
- Предлог - Програма за активности на Општина Валандово во областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2025 година;
- Предлог -Програма за млади на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог – Програма за спорт на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за одбележување на значајни дати, настани и личности од поблиското и подалечното минато на македонскиот народ и општината во 2025 година;
- Предлог - Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог – Програма за активностите на општина Валандово во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година;
- Предлог - Програма за работа на ТППЕ Валандово за 2025 година;
- Предлог - Програма за работа и развој на Јавното претпријатије ,,Комунален сервис” Валандово за 2025 година;
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Валандово за 2025 година;
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков