ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и седмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесет и седмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 ми септември 2024 година (петок) во 10:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на триесет и седмата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишен извештај за работата на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Годишна програма за работа на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2024/2025 година;
- Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за учебната 2024/2025 година;
- Предлог - Програма за изведување на екскурзии и други слободни активности во ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за учебната 2024/2025 година;
- Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ„Јане Сандански” во село Грчиште при ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово;
- Предлог- Елаборат за проценета штета од елементарна непогода: силно невреме проследено со пороен дожд, врнежи од град, грмежи и силен ветар која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово на ден 02.07.2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2024 година.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков