ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и шестата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесет и шестата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти август 2024 година (петок) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на триесет и шестата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишен извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2024/2025 година;
- Годишен извештај за работата на ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2023/2024 година;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2024/2025 година;
- Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2024/2025 година;
- Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај” Валандово за 2025 година;
- Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2025 година;
- Годишен план за вработување на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2025 година;
- Предлог-Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортска манифестација турнир во баскет 3х3 во Валандово;
- Предлог – Одлука за продажба на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово на КП.бр.515/4 КО Раброво.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков