ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и петтата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесет и петтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 31 ви јули 2024 година (среда) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на триесет и петтата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2024 година до 30.06.2024 година;
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2024 година;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година;
- Предлог – Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружение на граѓани „Внимание" Гевгелија за реализација на активности;
- Предлог – Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности од јавен интерес во населеното место Казандол, Општина Валандово на ЈП „Комунален сервис” Валандово;
- Одлука за утврдување на цена на услуга на ЈП „Комунален сервис” Валандово;
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2025 година;
- Информацијата за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово во првите шест месеци од 2024 година;
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков