ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и четвртата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесет и четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 24 ти јуни 2024 година (понеделник) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на триесет и четвртата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Информација за остварување на правото на користење на средства во вид на еднократна помош на граѓаните во Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за примање и давање на трајно користење на движни ствари на СОУ „Гоце Делчев” Валандово;
- Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за 2025 година;
- Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово за 2025 година;
- Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за 2025 година;
- Предлог – Одлука за субвенционирање на семејства кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово во учебната 2024/2025 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за подмирување на долг за испорачена електрична енергија на ЈП „Комунален сервис” Валандово;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Одлука зa одобрување финансиски средства на Здруженија на граѓани за реализација на програмски активности;
- Предлог - Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните водоводи и фекални канализации во Општина Валандово во 2024 година.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков