Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), општина Валандово објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на на изработувач на Стручна ревизија на Измена и дополнување на урбаниcтички план за cело Јоcифово , Блок 4
Општина Валандово објавува јавен повик за изработување на:
1.Стручна ревизија на Измена и дополнување на урбаниcтички план за cело Јоcифово за Блок 4 , сoгласно член 31 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020).
1.Податоци за проектниот опфат:
Предмет на изработка на измената на урбанистичкиот план:
1. Стручна ревизија на Измена и дополнување урбаниcтички план за cело Јоcифово за Блок 4 , сoгласно член 31 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), се однесува на измена на нумеричките и текстуалните одредби за градежните парцели од Блок 4 согласно одредбите од член 25, став (5) од Правилникот за урбанистичко планирање.
Површина на плански опфат:3,36ха. Вкупен број на градежни парцели 34, сите со намена: А1-домување во станбени куќи. Место: КО Јоcифово.
Планскиот опфат на Стручната ревизија на Измена и дополнување урбаниcтички план за cело Јоcифово за Блок 4, каде што се формирани градежни парцели со класа на намена А1-ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ, co вкупна површина на плански опфат:3,36ха.
Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината.
2.Период на изработка на стручната ревизија на измената и дополната на урбанистичкиот план за село Јосифово Блок 4:
Започнување на работите: Веднаш по добивање на налог од општината.
Динамика за изработка:
- -15 дена за изработка на стручната ревизија по добивање на барање;
- -5 дена за изработка на стручната ревизија по доставување на корегирана измена и дополна на урбанистички план за село Јосифово, блок 4.
3. Право на учество
На јавниот повик можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за иработување на Стручна ревизија на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14,.....168/18).
За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување н Стручна ревизја на а урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ...168/18).
Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста -Документ за регистрирана дејност - образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.
При утврдување на способноста за вршење професионална дејност од понудувачот се бара и доказ дека правното лице има во работен однос на неопределено и полно работно време на најмалку 2 (два) архитекти-урбанисти со важечко овластувавње за изработка на стручна ревизија на урбанистички планови согласно законот за урбанистичко планирање или законот за просторно и урбанистичко планирање, за докажување на овој услов се доставува доказ од надлежен орган со листа на вработени не постара од еден месец од денот на отварање на понудата и копија од важечки овластувања за изработка на урбанистички планови.
4. Рок и начин за доставување н понудата :
Понудите да се достават најдоцна до 08.08.2024 година (Четврток) до 14,00 часот преку архивата на Општина Валандово, во жолт плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК за стручна ревизија на измена и дополнување на урбанистички план за село Јосифово блок 4.
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
5.Датум, време и место на отворање на понудите:
12.08.2024 година, во 14,00 часот, во просториите на Општина Валандово (Општински центар за услуги)
6. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;
6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице
-да има вработено најмалку 2(два) дипломирани инженери архитекти - урбанисти на неопределено време со овластување за иработка на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања)
-да достави листа за техника опременост;
6.2. Референтна листа за извршени работи :
Листа на извршени работи во последните три години, со вредности, датуми, договорни органи, со обезбедување на потврда за извршени услуги издадени од корисниците.
6.3 Понудена организација и методологија на изработка на работите;
-динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;
6.4 Финансиска солвентност
-да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;
6.5 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во Образецот на Понудата кој е во прилог.
Понудата не е деллива.
6.6 Бодирање на понудите
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
- Број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање, вкупно 40 бода (ВСС планер со овластување 25 бода; ВСС планер без овластување 10 бода и други стручни работници 5 бода);
За елементот број на вработени инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање, со поделементите се утврдени вкупно 40 бодови. Притоа бодовите за секој од поделементите ќе се пресметува посебно, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има понудено најголем број на вработени.Бодовите кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Понуден број на вработени х максимален број на бодови
Број на бодови = _________________________________________________
Најголем број на вработени
- Број на референци на изработени Стручни ревизии на одобрени урбанистички проекти во последните 3 години, вкупно40 бода (1-3 референци-30 бода, од 4-6 референци -35 бода, повеќе од 7 референци 40 бода);
- Рок за извршување на активностите, вкупно20 бода (отстапки повеќе од 6 дена од вкупниот рок-5 бода, отстапки од 3-6 дена -10 бода, прифаќање на рокот -20 бода);
7. Начин на плаќање:
Начинот на плаќање е по добивање на согласност на Предлог планот од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена.
Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на УПС. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
За дополнителни информации, контакт лице: Аврамски Ѓоко тел. 078 382-461 е-mail: avramski.g@hotmail.com.
ДОКУМЕНИ:
- Решение за поведување на постапка за избор на изработувач на Стручна ревизија на Измена и дполнување на урбанистички план за село Јосифово, Блок 4 (Преземи pdf)
- Јавен повик со техничка документација (Преземи pdf)