Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ” бр.202/2024), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14,199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19 и 14/20) и член 22 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/10; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15 , 27/16, 120/18 и („Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Градоначалникот на Општина Валандово објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024
за вработување на неопределено работно време во Општина Валандово
Општината Валандово има потреба од вработување на неопределено работно време на 1 (еден) извршител за следното работно место:
- 1. а) Ниво A3 – Хигиеничар/ка –УПР 04 05 А03 004 – 1 (еден) извршител
- Кандидатот за работното место под реден број 1 потребно е да ги исполнува следните услови:
б) oпшти услови за работното места:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и
- активно да го користи македонскиот јазик.
в) посебни услови:
- стручни квалификации: најмалку основно образование;
- работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж.
г) распоред на работно време :
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: неделно 40
- Работно време: од 07:00 до 15:00 часот
- Опис за работното време: почеток на работното време помеѓу 7:00 и 08:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15:00 и 16:00 часот.
д) паричен нето износ на плата : 22.567,00 денари.
2. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса - Општина Валандово, ул. „Иво Лола Рибар“ бб Валандово, со назнака „За оглас бр.01/2024 за вработување на неопределено работно време во Општина Валандово“.
Пријавата за вработување може да се подигне од шалтерот на Општина Валандово или да се превземе од веб страната на Општина Валандово: www.valandovo.gov.mk
пријавата за вработување треба да содржи:
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница);
- кратко мотивациско писмо;
- кратка биографија;
- изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
- изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
- изјава за исполнување на други посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
3. Доставување на документацијата
Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:
- Биографија –CV.
- Уверение за Државјанство на РСМ (оригинал или заверено на нотар).
- Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар).
- Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар) за работното место под реден бр.1. (доколку кандидатот има работно искуство).
- Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (оригинал).
- Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал).
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
4. постапката за селекција
Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите .
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите .
По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.
5. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен оглас (Преземи pdf)
- Пријава (Преземи pdf)
- Решение (Преземи pdf)