Одржана планска игра „Локална самоуправа“ во Валандово
Младите расправаат за прашањата кои им се важни, дебатираат со аргументи и гласат за доставените предлози.
Средношколци од СОУ „Гоце Делчев“, учествуваа во планската игра „Локална самоуправа“ и преку едукативна и интерактивна работилница учеа за разграничувањето и дефинирање на локалната и централната власт во македонскиот политички систем.
Учениците се запознаа со функционирањето на локалната самоуправа и надлежностите на општината.
Се информираа за ингеренциите на градоначалникот и советниците, а преку работа во групи симулираа и седница на совет на која дебатираа и одлучуваа по прашања и проблеми важни за заедницата.
Планската игра на локална самоуправа е проект имплементиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“ кој успешно се применува во Германија уште од 1998 година.