ЈАВЕН ПОВИК
Општина Валандово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на силното невреме проследено со пороен дожд, врнежи од град, грмежи и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Општина Валандово на ден 02.07.2024 година (вторник), да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Валандово на ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3, најдоцна до 09.07.2024 година.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:
- копија од лична карта;
- копија од трансакциска сметка;
- доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);
- пријава на штета*;
- изјава за штета*;
- изјава дека имотот не е осигуран*;
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 5 (пет) работни дена, односно најдоцна до 09.07.2024 година.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Валандово и до Влада на Република Северна Македонија.
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Општинска комисија за процена на штети
од елементарни непогоди
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен повик (
Преземи pdf)